Пелоси: САД сакаат Тајван да има слобода и безбедност

This handout taken and released by Taiwan's Presidential Office on August 3, 2022 shows US House Speaker Nancy Pelosi speaking, as Taiwan's President Tsai Ing-wen (R) listens, in the Presidential Office in Taipei. (Photo by Handout / Taiwan Presidential Office / AFP) / -----EDITORS NOTE --- RESTRICTED TO EDITORIAL USE - MANDATORY CREDIT "AFP PHOTO / TAIWAN'S PRESIDENTIAL OFFICE " - NO MARKETING - NO ADVERTISING CAMPAIGNS - DISTRIBUTED AS A SERVICE TO CLIENTS

САД сакаат Тајван секогаш да има слобода и безбедност и неа да отстапат од тоа, изјави во средата претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, во текот на посетата на островот кој Кина го смета за своја одметната покраина и жестоко реагираше.

„Иако ја почитуваме политиката на ‘една Кина’, нашата солидарност со Тајван е поважна од кога и да е. САД го поддржуваат статус-квото и не сакаат на Тајван нешто да се случи со сила“, изјавила Пелоси на заедничката прес-конференција со тајванската претседателка Цаи Инг-вен, пренесува Reuters.

Запрашана за економските последици со кои Тајван мора да се соочи поради нејзината посета, Пелоси рекла дека САД ја отвораат својата врата за подобра економска размена меѓу САД и Тајван.

„Тајван е доследен на одржувањето на статус-квото преку Тајванскиот теснец“, рекла тајванската претседателка Цаи додавајќи дека кинеските воени, покрената како одговор на посетата на Пелоси, се „непотребна реакција“.

Пелоси, чијашто посета е отстапување од долгата американската практика и по 25 години е прва посета на висок функционер на Тајван, по пристигнувањето во вторникот вечерта рече дека нејзината делегација стасала за „јасно да даде до знаење дека САД нема да го напуштат“ островот.

Кина остро се спротиставува на оваа посета и се закани дека САД „ќе платат висока цена“ поради тоа.

Тајван е самопрогласена територија, како и ткн проруски „народни републики“ во Доњецк и Луганск во Украина или Јужна Осетија и Абхазија на кавкаската граница со Грузија, и Кина го смета за своја одметната покраина со која треба да следи повторно обединување.

Иако островот не е широко меѓународно признат ниту во ОН, САД и неговите сојузници тесно соработуваат со властите во Тајпеј., Вашингтон, поради одржувањето на ниското ниво тензии со Пекинг, нема воспоставено официјални дипломатски односи со Тајван, но има закон со кој е обврзан „финансиски и технички да го помага правото на самоодбрана“ на островот.

Во текот на средбата со претседателката Цаи, Пелоси рекла и дека Тајван е инспирација за сите луѓе на коишто на срцето им е слободата“. „Светот се соочува со изборот меѓу демократијата и автократијата. Американската решителноста да се зачува демократијата тука на Тајван останува окована со железо“, рекла Пелоси.

Цаи ги истакнала дека добрите односи меѓу Тајван и САД, додавајќи дека Тајпеј „останува веродостоен партнер на кој САД можат да се потпрат“. Додала дека Тајвин се соочува со „намерно засилените воени закани“, како и дека „нема да се откаже и дека Тајван ќе стори сѐ што е потребно да ја зајакне својата способност за самоодбрана“.

Пелоси ѝ се заблагодари на претадателката Цаи на нејзиното лидерство, и повика на меѓупарламентарна соработка.

„Сега повеќе од кога и да е клучна американската солидарност со Тајван.., американската решителната да е зачува демократијата на Тајван и остатокот од светот и натаму е цврсто. Го пофалуваме Тајван бидејќи е едно од најслободоните општества на светот“, рекла Пелоси во тајванскиот парламент.

Исто така, Пелоси рекла дека новиот американски закон е насочен на јакнењето на американската индустрија на чипови во натпреварување со Кина „нуди поголеми можности за економската соработка на САД и Тајван“.

Пелоси подоцна во средата треба да се сретне со група активисти за човекови права. Претходно се сретне со заменикот на претседателот на тајванскиот парламент Цаи Чи-Чанг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.