Пендаров: Голема фарса е случувањето со Мијалков, во нормална држава „би летал“ министерот за внатрешни

Поранешниот советник на Претседателот и политички аналитичар, Тодор Пендаров, во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 истакна дека случувањето Сашо Мијалков е фарса.

Пендаров порача дека доколку вакво нешто се случувало во нормална држава би имало разрешување на министерот за внатрешни работи.

-Голема фарса. Ова што се случи покажува дека нема институција која работи според закон и Устав. Не е првпат да се направат такви гафови. Во нормална држава „би летал“ министерот за внатрешни работи. Од утната работа, Заев кажува дека ја исправиле работата. Спасовски денеска се фали дека ако не се пријавел, ќе го фателе. Мијалков мораше да најде друга болест, дека имал 40 температура, а другиот ден излегува на улица без капут, тешко. Дали ако не беше Мијалков, актуелната Влада ќе успееше да го смени Уставот иако јас со две раце го поддржувам Преспанскиот договор – вели Пендаров.