Пендаровски ја продолжи вонредната состојба за уште 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата во саботата по седмата седница на Советот за безбедност истакна дека вонредната состојба ќе се продолжи во следните 14 дена.

„Одлуката за новите 14 денови е продолжена исклучиво со намера да и се дозволи на Владата подобро да се борат со здравствените и социоекономски предизвици и тоа нема никаква врска со датумот за одржување на изборите, рече Пендаровски.

Им се заблагодари на граѓаните бидејќи ги почитуваат препораките во изминатите три месеци, но, посочи дека не смееме да се опуштиме.

„Ние оваа битка сигурно ќе ја добиеме, но мораме да останеме совесни и одговорни до самиот крај“, рече Пендаровски.

Пендаровски по четврти пат донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земвава за нови 14 дена поради здравствената криза со коронавирусот. Претходната вонредна состојба со ист рок, по двете едномосечни, ја прогласи на 15-ти мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.