Пендаровски бил шокиран од судската одлука за „Таргет-Тврдина“

-Шокиран сум од одлуката на апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“.
Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата, напиша на својот фејсбук профил, претседателот Стево Пендаровски.

Неговата објава предизвика бројни коментари од граѓани. Еве дел од нив:

„Па на чело на таа „правна” држава сте Вие, и мора да најдете механизам за справување со ова, а не да бидете шокиран“…

„Тек допрва ќе се шокираш, прогласуваш воени вонредни кризни мерки, а викаш поима немаш што се случува“…

„Сите сте исти, само прикаски и демагогии објаснувате, правна држава ќе биде кога сите политичар8и и судии ќе сте во ќорка…“

„Сит судски систем треба надвор од објектите, таму е главата на криминалот и корупцијата и на сите конфискација на имот и затвор (со мали исклучоци). Ако не се ВЕТИНГУВААТ овие криминалци, нема живот во МК. Ова станува латино американска држава каде царува мафијата“…