Пендаровски да излезе од сенката на Заев и да не го потпише штетниот закон за Макпетрол

27

Аболицираниот криминалец Зоран Заев се сокри позади пратениците и си го донесе штетен законот за Макпетрол вреден 33 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата соопштуваат дека наместо спогодба помеѓу државата и Макпетрол, Заев бегајќи од одговорност во Собранието си изгласа закон со кои си го легализира криминалот.

-Државата нема слух за проблемите со кои се соочуваат учениците и наставниците, државата нема абер од набавка на вакцина за КОВИД-19 од кои секојдневно умираат по 10-тици наши граѓани, ама за тоа на шверцерски начин му додели 33 милиони евра на Макпетрол. Додека секојдневно се затвораат фирми и луѓе остануваат без работа, додека тутунарите, лозарите, оризвопроизводителите крпат крај со крај, премиерот во заминување Зоран Заев му дава милиони евра народни пари на олигархот сопственик на Макпетрол. ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови со сите расположливи средства се обиде овој закон да не се донесе во Собранието на Македонија. Но пратениците на СДСМ и коалицијата го изгласаа овој штетен закон.Затоа го повикуваме претседателот на државата, Стево Пендаровск и да не го потпише указот за овој штетен и криминален закон и конечно да се издигне од сенката на Заев и да постапи одговорно. Доколку Пендаровски го потпише овој закон за Макпетрол, новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ една од првите точки кои ќе ги разгледа ќе биде овој криминален закон. За ваквите криминални политики од страна на оваа ненародна власт одговорност ќе има и тоа многу брзо, стои во соопштението на партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.