Пендаровски до Борисов: Љубави како си? Поздрав од Зоки… (ВИДЕО)

159

Претседателот Стево Пендаровски кој завчера учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Сараево имаше повеќе неформални средби, меѓу кои и со бугарскиот премиер Бојко Борисов и српската премиерка Ана Брнабиќ.

Според видеото, што е објавено на социјалните мрежи, Пендаровски покажува многу близок пријателски однос со бугарскиот премиер, но изненадува „дипломатскиот јазик“ на комуникација со Борисов, иако станува збор за неформална средба.

– Љубави како си? Е, поздрав од Зоки.. Со овие зборови Пендаровски му се обраќа на Борисов.

На видеото погледнете и слушнете што се случува по поздравот и пријателското гушкање меѓу Пендаровски и Борисов, на што е сведок и Брнабиќ. Патем, во второто видео Борисов говори за „северомакедонскиот президент“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.