Пендаровски донесе Одлука за ангажирање на Армијата во Дебар и Центар Жупа

Претседателот Стево Пендаровски донесе во петокот вечерта одлука за ангажирање на Армијата за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на Министерството за внатрешни работи во обезбедување на дел од државната граница со Албанија на територијата на општина Дебар.

Одлуката е донесена во функција на спречување на ширењето на коронавирусот Covid-19 и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа.

Единиците на Армијата ќе ги координираат своите активности и ќе соработуваат со локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи и останатите институции на државата вклучени во справувањето со кризната состојба.

Времетраењето на активноста и ангажирањето на силите и капацитетите на Армијата ќе биде од 13-ти март до 11-ти април