Пендаровски дрзок и нервозен упаѓа во зборовите на противкандидатите

На третата претседателска дебата на Сител телевизија додека одговараа противкандидатите професорката Горадана Сиљановска Давкова и Блерим Река, кандидатот на СДСМ нервозен и многу дрзок на повеќе наврати им влета во говорењето

Додека професорката Сиљановска говореше за она кое што ќе биде фокус во преостанатит дел од кампањата, ја прекина на дрзок начин со поставување прашање каков бил концептот на емисјата дали можело де се поставуваат прашања додека говори некој од соговорниците.

Професорката Сиљановска говореше за тоа дека во секој нејзин говор и настан нема испуштено ниту еднаш да се обрати кон сите граѓани од сите заедници кои живеат во Македонија, Пендаровски повторно многу некултурно ја нападна професорката прашувајќи ја дали таа е независен кандидат, нешто што воопшто не беше предмет на дискусија.

Пендаровски го прекина кандидатот Блерим Река кога започна да говори за тоа дека нема ниедна пресуда за сторен криминал за мегакоруптивните скандали во последниве неколку години, Пендаровски многу дрско и некултурно, продолжи да се обраќа ко господинот Река.

Пендаровски на многу нервозен, дрзок и некултурен начин и покрај опомените од страна на другите двајца кандидати продолжи да се однесува во текот на останатиот дел од дебатата.