Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 8 ноември 2022 година, вторник, во 11:00 часот, ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Анџела Прајс Агелер, информираат од кабинетот на Претседателот.