Пендаровски ќе има средба со Македонците од Бугарија

41

Претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе има средба со претставници на Македонците кои живеат во Бугарија.

Имено, партијата на македонското малцинство во Бугарија, ОМО Илинден Пирин доставила барање до претседателот за средба, на кое тој позитивно одговорил.

Од Кабинетот на Пендаровски за „Фокус“ потврдиле дека претседателот прифатил средба со ОМО Илинден Пирин, а останува дополнително да се утврди датумот.

И копретседателот на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков потврдува дека испратиле барање и добиле позитивен одговор од Пендаровски, но поради Ковид ситуацијата датумот треба дополнително да биде утврден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.