Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев

Претседателот  Стево Пендаровски, во четвртокот на 13-ти август во 12 часот, мандатот за состав на Владата на Република Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија.

Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме“, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата.

Претседателот Стево Пендаровски откако претходно изјави дека до петок ќе го додели мандатот за составуавње на новата влада, независно од ставот на претседавачот и поранешниот претседател на парламентот Талат Џафери дека тоа нема да биде уставно, во средата официјално потврди дека утре на пладне мандатот за состав на Владата н ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието.

Заев, во име на коалицијата „Можеме“, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во парламентот – 46, го информирал претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата.

Сепак, во кусото соопштение не се наведува дали Заев покрај преговорите успеал веќе да обезбеди мнозинство од 61 пратеник за поддршка на новиот владин кабинет. Иако, може да се претпостави дека бидејќи Пендаровски нема да го чека крајниот рок во петокот, дека СДСМ успеал да постигне договор.

Пендаровски како што соопштуваат од неговиот кабиент, се консултирал со експерти и заклучил дека парламентот е конституиран уште на 4-ти август и дека тече уставниот рок од 10 дена за доделување на мандатот.

Спротивно на ова Џафери, како претседавач, не го известил шефот на државата дека парламентот е конституиран бидејки конститутивната седница не е затворена и не е направен избор на претседател на Собранието. Според Џафери тоа било клучно, бидејќи повратното известување на Пендаровски дека доделил мандат треба да го достави до собранискиот спикер, а тој не бил избран.

„Претседателот се консултираше со еминентни правни имиња и заклучокот беше јасен: За да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор. Претседателот Пендаровски, иако ги разбира мотивите на претседавачот Џафери, останува на неговиот став кој впрочем го потврдува и политичката практика во сите изминати години кога на власт биле различни политички опции.“

За Кабинетот на Пендаровски нема дилеми дека Собранието е конституирано и оти течат десетте дена за доделување мандат за Влада, меѓутоа, собранискиот спикер Талат Џафери не мисли така и тој нема намера да го информира шефот на државата дека Собранието е конституирано бидејќи според него тоа не е случај. Џафери предупредува дека е можна уставна криза во државата.

„Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците“, истакна Џафери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.