Пендаровски е соучесник на мафијата на Заев, партиските органи ќе одлучуваат за импичмент, истакна Арсовски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска изјави дека партиските органи ќе одлучуваат за импичмент на претседателот Стево Пендаровски.

– Се разгледуваат сите можности и ќе бидат разгледани сите опции на телата и органите во партијата и ќе бидат издискутирани. Ние одамна кажавме дека Пендаровски е соучесник на мафијата на Заев, којашто за жал функционира во оваа држава Република Македонија и многу подобро и од најдобрите времиња кога функционирала најголемата мафија во светот „Коза ностра” – изјави Арсовски.