Пендаровски ги одликуваше со Медал за заслуги Богоевски, Лечиќ Наев, Костовски и Георгиевски-Буштур

Стево Пендаровски, претседателот на Република Македонија на денешната свечена церемонија им додели „Медали за заслуга“ на петмина спортски работници од нашата држава.

Честа да го добијат големото признание ја имаа легендата на кошарката во Македонија, Лазар Лечиќ, некогашниот одбојкарски ас Владими Богоевски, поранешниот селектор на боречката репрезентација, Насе Насев, како и на сегашниот претседател на Македонската таекводно федерација и селектор Борче Костовски.

„Со Медал за заслуги за Република Северна Македонија ги одликував Лазар Лечиќ, постхумно – Благоја Георгиевски Буштур, Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски.

Иако сме мала нација како број, горди сме на нашите врвни спортисти кои во индивидуалните и колективните спортови остварувале и остваруваат највисоки резултати. Посакувам нивните врвни резултати и постигнувања да бидат поттик за сите млади да тргнат по нивните стапки и повторно да ја радуваат македонската нација“, рече македонскиот претседател.

Постхумно беше одликуван и освојувачот на олимписки медал со СФР Југославија, Благоја Георгиевски-Буштур.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.