Пендаровски го честита Денот на наставата на турски јазик

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во земјава.

„Токму на овој ден во 1944 кога се удираа темелите на македонската држава започна и наставата на турски јазик. Со ова се овозможи образование на мајчин јазик на припадниците на турската заедница, како неопходен елемент во зачувувањето и во негувањето на националниот идентитет, традицијата и на културата. Среќни сме што овој значаен датум е и празник на турската заедница во Република Северна Македонија и со него се гордеат сите наши граѓани“, се вели во честитката.

Претседателот во честитката додава дека турската етничка заедница е неизоставен дел од нашата мултиетничка и мултикултурна држава и секој нејзин припадник придонесува во градењето на демократска, просперитетна и развиена Република Северна Македонија.

„Вие претставувате своевиден мост за соработка со пријателска Република Турција, која е наш искрен и посветен поддржувач“ додава Пендаровски во честитката.