Пендаровски го осуди палењето на бугарскиот културен центар во Битола

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку својот фејсбук профил го осуди палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола.

-Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија, напиша Пендаровски.

Тој ги повика надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите.