Пендаровски го свика Советот за безбедност, ќе се разговара за пандемијата на ковид-19

Утре со почеток во 11:00 часот во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, наведено е во соопштението од Кабинетот на шефот на државата.

„На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции. По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за медиумите“, се вели во соопштението.