Пендаровски: Гоце Делчев е револуционер кој ги надминува регионалните граници

Гоце Делчев е македонски револуционер, но тој е историска фигура која ги надминува регионалите граници, изјави претседателот Стево Пендаровски во однос на актуелната дебата за историските прашања на релацијата Скопје – Софија.

– Она што не дели треба да не спојува.Јас мислам дека тој е македонски револуционер кој е еден од најзаслужните за македонснката држава. Меѓутоа, тоа што тие тврдат дека бил Бугарин и се борел за бугарската кауза за мене не е спорно, Секој има право тоа да го прави зошто би бил проблем. Не во однос на европските интеграции генерално како народи, граѓани држави и раководства не гледам проблем ако ти го сметаш некого како херој може да го смета и  чествува и друг – рече Пендаровски.

Тој додаде:

– Нека го чествува кој сака, тоа може на нас Македонците да ни прави уште поголемо задоволство. Тој е исторска фигура која ги надминува регионалните  граници.