Пендаровски им мери температура на новинарите пред влезот на Вила Водно

Превентивни мерки против коронавирусот има и пред Вила Водно.

Имено новинарските екипи кои денес се упатија на прес-конференцијата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, беа кратко задржани на влезот со цел да им биде имзмерена телесната температура, како превентивна перка против коронавирусот.

Тој прес-конференцијата ја оддржува на отворено, а по се изгледа и малку се нашали со мерките на владата, поради мерењето на температурата на новинарите.