Пендаровски: Иванов требал да потпише укази со новото име

Претседателот на државата, Стево Пендровски, денеска потпиша нови укази со кои престануваат да важат старите укази за поставување на воени функции на неколку луѓе кои ги потпиша поранешниот претседател Ѓорге Иванов во период кога веќе беа распишани избори. Станува збор за шест укази, односно шест лица, од кои двајца остануваат на истата позиција, за еден нема основ за постапувања, а тројца се распределуваат или ќе бидат распределени на други позиции. Од кабинетот на претседателот Пендаровски велат дека Основното јавно обвинителство треба да поведе постапка за да утврди дали неговиот претходник Иванов сторил кривично дело кога овие укази ги објавил во Службен весник под старото има на државата Република Македонија, иако во времето на објавувањето веќе се применуваше новото име Република Северна Македонија, што е кривично дело.

Бригадниот генерал Орце Јодрев со новиот указ останува на истата позиција заменик на командантот на здружената оперативна команда во ГШ на АРМ.

Бригадниот генерал кој беше и аѓутант на Иванов, Мирче Ѓоргов, е отповикан од фунцијата воен преставник при НАТО во Брисел. Сега тој треба да биде распределен на нова позиција во АРМ, а на која, се уште не се знае.

Полковникот Драган Ковачки кого Иванов го назначи за командант на 1-ва Механизирана пешадиска бригада при ГШ на АРМ, се разрешува, а министерот за одбрана ќе треба да го назначи на нова позиција.

Полковникот Бесник Емини се разрешува од фунцијата началник на штаб на здружена оперативна команда при ГШ на АРМ и се поставува за конадант на 1-ва Механизирана пешадиска бригада, што на некој начин е симнување на едно место подолу.

Полковникот Маријо Јуришиќ со новиот указ останува на истата позиција одбранбено аташе во Париз.

Промена нема да има ниту кај Васко Ѓурчиновски кого Иванов во време на избори го унапреди од генерал мајор во генерал потполновник. Како што објаснуваат од кабинетот на Пендароски не бил пронајден правен основ за да се врати Ѓурчиновски на претходната позиција.

Со потпишувањето на указите, Антикорупциската комисија утврди дека Иванов го прекршил Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Исто така поведе и две прекршочни постапки против Иванов, од кои може да произлезат парични казни кои ќе треба тој да ги плати како физичко лице.

Од кабинетот на Пендаровски велат дека носењето на новите укази произлегло од одлуката на Антикорупциска, а не е никакво политичко пресметување со луѓе блиски до поранешната власт.

Старешините се информирани за новите укази и тие нема да сносат никаква одговорност, но немаат ниту право на жалба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.