Пендаровски изјави дека буџетот на армијата бил 50 милиони евра, официјалните документи велат друго

Кандидатот за Претседател од редовите на СДСМ Стево Пендаровски во вчерашната дебата на Македонската Радио Телевизија изјави дека буџетот на Армијата во 2015-та година изнесувал 50 милиони евра.

Но, официјалните документи од извршувањето на Буџетот на државата а кој е објавен на веб страната на Министерството за финансии покажува дека ставката за Армијата на Република Македонија за 2015-та година изнесувал 90 милиони евра.