Пендаровски изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета Втора

Претседателот Стево Пендаровски вечерва изрази сочувство за смртта на Кралицата Елизабета Втора.

– Изразувам најдлабоко сочувство за смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II. Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации, напиша Пендаровски на својата официјална Фејсбук страница.