Пендаровски како домазет – Слика има, тон нема!

И додека цела македонска јавност вчера се крена на нозе поради срамните искажани ставови на Заев, Пендаровски кој е претседател на сите граѓани на Македонија и кој треба јасно да застане во одбрана на народот и против какво било поместување од националните интереси и дигнитет на македонската држава - молчеше!

Лавина реакции поттикна скандалозното интервју на премиерот Зораз Заев за бугарската агенција БГНЕС. Бројни македонски интелектуалци, граѓани, политички функционери дури и од редот на владејачката партија искажаа несогласувања и дистанцирањње од искажаните ставови на Заев, кој во разговорот не застана во одбрана на националните интереси на земјата која тој ја претставува, туку само  сервилно и со не државнички тон и’ се додворуваше на бугарската страна.

За него веројатно тоа е дипломатски начин на водење политика, но за Македонците, не е ништо освен срамно и понижувачо претставување на македоснкиот народ и погазување на сопствената држава и идентитет.

Веднаш по емитувањето на интервјуто, дури и неколку членови на актуелната Историска комисија од македонска страна, излегоа јавно и се оградија од ставовите на премиерот.

 Љубица Спасковска
Љубица Спасковска

Ставот на македонските историчари е дека „се спротивставуваат на изјави кои содржат елементи на историски ревизионизам кој ги поткопува основните темели на Европа“.

Прва реагираше историчарката Љубица Спасковска, член на Комисијата, која на својот Фејсбук профил апелираше до политичарите да не коментираат теми коишто не ги разбираат. Подоцна и се приклучи и политологот и нејзин колега од Комисијата, Огнен Вангелов.

„Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на Премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза“, вели историчарката Спасковска.

Ова особено се однесува на делот во кој Заев посочи дека Бугарите за време на Втората Светска војна во Македонија не биле поробители, туку администратори кои потоа биле дел од антифашистичкиот фронт. Односно заедно со Македонците ги ослободиле Скопје, Куманово и Крива Паланка.

„Во тоа време, на почетокот, имаше администрација. После тоа, Бугарија се крена со антифашизам, се избори за слобода, за демократија и несомнено беше дел од антифашистичкиот фронт. Бугарските и македонските трупи ослободија територии – Крива Паланка, Куманово, целиот регион, Скопје и целиот овој дел“ – кажа Заев.

Тој во интервјуто информира дека е испратен документ во Бугарија во кој се потенцира дека Македонија нема територијални претензии, дека нема да се меша во внатрешните работи на Софија и дека нема побарувања за малцинствата.

Заев Се испофали и дека за 30 минути разрешил новинар од Управен одбор на националната информативна агенција МИА, а во обиди да зборува бугарски, повторувајќи дека сме биле ист народ, еуфорично кажа дека неговите струмичани и граѓаните на бугарскиот град Петрич зборувале ист дијалект?!
Уште малку требаше така триумфалистички да се согласеше со бугарската теза дека македонскиот јазик е бугарски дијалект!

Македонците посрамотени од Заев, Претседателот нема коментар!

Покрај скандалозните (лични)ставови на Заев ко ги изнесуваше во името на македонскиот народ, за што никој  не му го дал тоа право, тој коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски за „живковистичка Бугарија“, го нарече неискусен политичар. Немал искуство како Заев!

И додека цела македонска јавност вчера се крена на нозе поради срамните искажани ставови на Заев, Пендаровски кој е претседател на сите граѓани на Македонија и кој треба јасно да застане во одбрана на народот и против какво било поместување од националните интереси и дигнитет на македонската држава – молчеше!

Молчеше и во своја одбрана за тоа дека Заев го стави на листата на неискусни политичари, но и за најважното, дека Бугарија не била фашистичка држава, а периодот во Втората светска војна не го нарече окупација, туку администрирање.

Во дел од интервју за Дојче Веле, Пендаровски денеска има само изјава дека неговото 20-годишно искуство во меѓународната политика му овозможува прецизно да ги мери зборовите и ставовите кои ги искажува кога разговара со бугарски соговорници.

„И на секој од нив јасно му кажувам дека македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам кога тој наместо врз факти, е заснован врз политички конструкции“, вели Пендаровски.

Столжерот на државата, уште еднаш не ги удоволи граѓаните кои го поставија на тоа место, да има јасен државнички став кој ќе содржи недвосмислена поддршка на својот народ и национални интереси. Жално, но Пендаровски делува како никогаш до сега заробен со оклопот на партискиот врв на СДСМ, партијата која го постави во претседателската фотелја.

Сулејман Реџепи
Сулејман Реџепи

Неодамна, поранешниот реис на Исламската верска зџаедница, Сулејман Реџепи, во емисија на ТВ21, истакна дека му помогнал на Пендаровски да победи на минатогодишните избори. Поранешниот поглавар на ИВЗ рече дека пратеници на Зоран Заев и Али Ахмети го молеле да обезбеди гласови за Пендаровски. За возврат СДСМ требало да го награди со пари на трансакција поради овој негов потег.

„И што направи, кај се ветувањата кои ми ги даде мене? Ветувањето дека требаше да го врати Калето, локацијата… Ми кажаа за 20 дена парите ќе ги имаш во банка на трансакциска“, рече Реџепи.