Пендаровски: Ќе бидам претседател на сите

62

Свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите, ќе бидам претседател на држава од која нема да се срамите, рече во неделата вечерта во паертиското седиште на владејачката СДСМ, Стево Пендаровски, прогласувајќи ја победата во вториот изборен круг од претседателските избори.

„Мој народе благодарам. Ви благодарам Македонци, Албанци, Роми, Турци, Бошњаци, Власи и сите други кои на кристално чисти избори одлучивте да продолжиме заедно напред. Ова денес беше нашата достоинствена победа, ова беше нашиот мудар народ, кој независно од етничка или политичка припадност се обедини и рече заедно напред, никако повеќе режим“, рече Пендаровски.

Оцени дека исходот од изборите значи загарантиран пат напред во сојузите на НАТО и ЕУ.

„Овие избори се победа на обединувањето и заедништвото, бидејќи само така е возможно да одиме напред. Се придржувам на водството во оваа држава. Ќе се залагам за правичност и правна држава. Ќе обединувам, нема да делам. Ќе бидам фактор на стабилност, а не фактор на кризи“, додаде Пендаровски.

Им се заблагодари за поддршката на премиерот Зоран Заев и на 31-та политичка партија која го поддрж, како и до неговите ротивкандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

„Ќе бидам претседател на сите. Ќе бидам претседател на државата од која нема да се срамите, и тука и во странство. Прдолжуваме напред“, рече Пендаровски заблагодарувајќи се и на албански јазик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.