Пендаровски: Ќе живеам во резиденцијата, обезбедувањето да не им пречи на соседите

Стево Пендаровски, новиот претседател на Македонија, во разговор во емисијата „360 Степени“ на телевизија Алсат рече дека ќе живее во претседателската резиденција на Водно затоа што не сакал неговото обезбедување да им пречи на соседите.

Јас живеам во зграда. Ако останам да живеам каде што сум сега, ќе биде проблем бидејќи во мојата зграда има уште 19 стана во влезот и плус дополнителни два влеза. И веројатно нивниот режим на живеење, на соседите, ќе трпи, бидејќи треба да има некакви мерки на заштита кон мене и кон моето семејство, како што вели законот. Затоа комплетно ќе одам во новата резиденција, рече Пендаровски.

Тој додаде дека кога ќе поминува со својата делегација ќе бара што помалку безбедносни протоколи за да не го попречува сообраќајот и да создава поголем метеж.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.