Пендаровски: Луѓето од 27-ми април не се терористи, поддржувам повторно отворање на случајот

Вечерва во емисијата „Само интервју“ претседателот Стево Пендаровски посочи дека луѓето од случајот 27-ми април не се терористи и треба да се отвори повторно случајот и да се приложат нови докази, бидејќи казните се драконски високи.

„Јас луѓето првично ги прашував околу мене за какво кривично дело се гонат, јас знам дека такво кривично дело мислам формулација таква немаше на времето ниту во бивша Југославија, ниту во 90-тите години. Тоа е подоцна прифатено. Бидејќи јас нешто знам околу тероризмот и околу безбедносните проблеми и дилеми, јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи што влегоа“, нагласи Пендааровски.

Шефот на државата додаде аде дека луѓето кои влегоа внатре не се терористи, дури и оние кои што физички напаѓаа луѓе. Тие физички кои што напаѓаа луѓе треба да одговараат за претепување, како што беше за Зијадин Села и Радмила Шекеринска. И за организирање на таков настан 18 години се многу.

„Изјавата на Мицкоски беше на место, единствен начин со кој што можеш да ја расчистиш маглата ако мислиш дека ја има околу целиот тој настан е со нови докази, со нови сведоци евентуално, и да бараш преотворање на случајот. За тоа што јас инсистирам како легалист до смрт ние мораме да одиме по правните процедури“, рече Пендаровски.

Смета дека Треба да се разграничи тоа што е политички, а што историски критериум за влез во Европската унија. Пендаровски појасни дека сакаат да предложат како понатамошен пристап во преговорите, да се разграничи што е историја, а што политика во барањата од Софија, односно дали ние не ги исполнувале условите за почеток на преговорите од историски или од политички причини.

„Ако барате да се разговара за владеење на правото, дајте да разговараме за владеење на правото, слобода на медиуми, професионална администрација, борба против корупција… ние сме тука. Тоа се критериуми за влез во ЕУ. Ако барате да се разговара за историја, во ред, имаме историска комисија, нека работат историчарите таму. Меѓутоа, не може тоа да биде услов за влез во политичка организација направена 1957 година, изјави Пендаровски.

Македонскиот претседател, исто така, оцени дека без договор со Бугарија нема преговори со ЕУ, и притоа посочи дека Скопје предлага странски експерти да се вклучат во преговорите

Посочи дека Бугарија во март гласала „за”, а веќе во декември била „против” преговарачката рамка.

„Во декември сите 26 земји членки при гласањето беа со скрстени раце. Никој не се согласуваше во Бугарија, но сите ни велеа дека мора да има целосен консенсуз и за почеток и за влез. Тоа е реалноста и треба да ја кажеме на нашиот народ“, изјави Пендаровски.

Компромис секако ќе има, нагласи Пендаровски, но, не знаеме каков ќе биде, дали ќе биде тежок, ќе видиме. Негова проценка е дека позицијата на Бугарија од декемри минатата година, не може да издржи на долг рок.

Пендаровски додаде дека португалското претседателство на ЕУ со кое Македонија има секојдневна комуникација и тоа како се залагаат за решавање на ова прашање со Бугарија.

„Ние бараме од Бугарија и од нашите европски пријатели да не поддржат, предложуваме да се вклучат експерти од страна со искуство од други комисии. Да не бидеме само ние и бугарите, туку и други експерти од страна како неутралци. Ние понудивме пред 2 години, Бугарите го одбија, сега повторно ќе понудиме.