Пендаровски му честита на Макрон за победата на изборите

Претседателот на државата Стево Пендаровски му ја честиташе победата на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција.

Тој на својот фејсбук профил објави:– Честитки до Емануел Макрон за победата на претседателските избори. Оваа победа се случува во време на предизвици кога проевропскиот избор е навистина значаен. Се надевам ќе продолжиме со соработката за прашањата кои ги зближуваат нашите земји и народи, напиша Пендаровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.