Пендаровски на Анталија дипломатскиот форум: Повеќе соработка и поголема солидарност значи полесно справување со проблемите

21

Претседателот Стево Пендаровски се обрати во саботата на лидерскиот панел на тема: „Како можеме да ја зајакнеме регионалната солидарност во поглед на научените лекции?“, во рамки на неговото учество на Анталија дипломатскиот форум, што се одржа на тема: „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“, соопштија од неговиот Кабинет.

Пендаровски се осврна на состојбата предизвикана од корона-пандемијта во земјите на западен Балкан, истакнувајќи дека сите бевме сведоци како би изгледала нашата реалност доколку секоја земја остане сама и доколку сите механизми за соработка развиени во минатото, бидат целосно или делумно напуштени.

Меѓу другото, претседателот истакна дека пандемијата покрај девастирачкиот ефект врз начинот на живот, покажа и дека повеќе соработка и поголема солидарност значи полесно справување со проблемите и тешкотиите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.