Пендаровски на одбележување на 2-ри Август во Пелинце

По повод 2-ри Август – Ден на Републиката, Претседателот на Македонија Стево Пендаровски, утре – 2 август 2020 година, недела, ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на државниот празник Илинден, во Mеморијалниот центар – АСНОМ, Пелинце со почеток во 11:00 часот.

Свеченоста во Пелинце ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници, за бројот на учесниците, здравствено-безбедната организација и движењето, со обезбедено растојание и заштита.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.

Претходно, претседателот Пендаровски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот во Меморијалниот центар АСНОМ, по повод одбележувањето на 76-годишнината од првото заседание на АСНОМ.