Пендаровски на првиот училишен ден го посети ООУ „Свети Кирил и Методиј” во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска на почетокот на новата учебна година го посети најстарото училиште во нашата држава, ООУ „Свети Кирил и Методиј”, Центар – Скопје и присуствуваше на свечениот прием приреден за првачињата.

Претседателот беше информиран за воспитно-образовниот пристап на училиштето што се издвојува како пионер во повеќе области, а во кое настава следат ученици и со атипичен развој и се негуваат мултикултурните и мултиетничките вредности на нашето општество.

На првиот училишен час претседателот Пендаровски на првачињата им посака успешна учебна година, изразувајќи уверување дека освен тоа што ќе стекнат нови знаења и искуствa, училиштето ќе им овозможи да воспостават и изградат другарства коишто ќе им бидат исклучително важни во иднина. Претседателот упати честитки и до наставниот и стручен кадар во училиштето за нивната креативност и посветеност, како и за инклузивниот воспитно-образовен процес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.