Пендаровски: Не можам да поверувам дека членка на ЕУ вели „избриши си дел од историјата“

160

Постојат неколку премрежја во изминативе 30 години кои не можевме да ги превидиме, на пример спорот со Грција. Не можевме да предвидиме прво дека ќе трае толку многу и дека практично ќе не блокира при влезот во секоја меѓународна организација…Ова сега најново се надевам нема да биде такво по пропорции, спорот со Бугарија, и нема толку да трае, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Трилинг на Телевизија 24.

Меѓутоа, додава тој, исто така не може да се поверува дека може да постои спор во кој една земја членка на ЕУ и на НАТО вели „ти не си Македонец“, или „не зборуваш на македонски јазик“ или „пребриши се од историјата до таа и таа година и прими го комплетно нашиот историски наратив и стави го во вашите учебници“.

Пендаровски смета дека за жал, се уште сме заробеници на минатото и според него кога станува збор за евроинтеграциите, нас се уште не сметаат како периферија за која не е сигурно кога и дали воопшто ќе стане полноправна членка.

-Гледам дека во фокусот на мојот интерес, не само Македонија туку и шесте држави на Западен Балкан кои останаа на опашката на интеграциите, особено оние кон ЕУ и генерално клучните политики на Брисел, посебно зборувам за евроинтеграциите, не третираат нас се уште како периферија за која не е сигурно кога и дали воопшто ќе стане полноправна членка на тој клуб, вели Пендаровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.