Пендаровски не сака предвремени избори

Претеседателот Стево Пендаровски, смета дека до крајот на годинава не е добро да се одржуваат предверемени парламентарни избори, туку треба да се доработи агендата за  евроатлантските интеграции..

„Како претседател, додека не ги затвориме до крајот на годината овие битни прашања, во однос на евроинтеграциите, не би требало да имаме предвремени избори. Исто така, да бидам до крај искрен, не би одел на предвремени избори пред да се направи попис, кој е од исклучително значење за било каква развојна политика“, посочи Пендаровски, на денешната прес конференција, посветена на криминалниот скандал „Рекет“.