Пендаровски нема намера да свика лидерска средба

Откако премиерот Зоран Заев најави дека ќе побара лидерска средба, а беше одбиен од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, се огласи и претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Како што потврдуваат за МИА од неговиот Кабинет, Пендаровски нема намера да свика лидерска средба.

Премиерот и претсетадел на СДСМ, Зоран Заев, денеска најави одржување лидерска средба до крајот на годинава. Тој рече дека очекува да ја свика шефот на државата, но ако тоа не се случи, тогаш иницијативата ќе ја „потегнел“ самиот тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.