Пендаровски: Ние сме „де факто“ членка на НАТО

Цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание и 20 години по добивањето на статусот на формален кандидат за членство, практично ја реализираме едната од двете најголеми стратешки цели, објави по потпишувањето на пристапниот протокол, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски.

– Денес, цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание и 20 години по добивањето на статусот на формален кандидат за членство, практично ја реализираме едната од двете најголеми стратешки цели зад кој стоеја буквално сите политички елити и раководства од 8 септември 1991 наваму. Немам дилеми дека 6-ти февруари 2019-та, ќе биде споменуван како еден од најзначаните датуми во поновата македонска историја, затоа што на овој ден „де факто“ стануваме членка на НАТО Алијансата, напиша на својот фејсбук-профил Пендаровски.