18.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Пендаровски очекува Турција да го ратификува протоколот за пристап на Македонија во НАТО

Претседателот Стево Пендаровски, во саботата се сретна со претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, и шефот на македонската држава израил надежи дека Анкара наскоро ќе го ратификува протоколот за пристап на Македонија во Алијансата.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Турција, при што беше констатирано дека тие се пријателски, со интензивни контакти на највисоко ниво.

Двајцата соговорници разменија мислења и информации за состојбите во двете земји, како и за актуелните состојби во регионот.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од континуираната поддршка од Турција за евроатлантските аспирации на Македонија. Претседателот изрази очекување дека Турција, како стратешки партнер на Македонија, наскоро ќе го ратификува протоколот за пристапување на земјата во НАТО.

Претседателот Пендаровски истакна дека членството на Македонија во НАТО позитивно ќе влијае за дополнителна стабилизација на регионот, како и во севкупната внатрешна општествено-политичка состојба во државата.