Пендаровски: Очекувам влада со чисти антикорупциски записи

Македнскиот претседател Стево Пендаровски преку својот официјален фејсбук профил во четвртокот порача дека очекува новиот владин состав да има чисто антикорупциско досие.

„Регионот има потреба од европска перспектива и соработка за клучните прашања за неговата стабилност и безбедност. Во време на лажни вести, хибридни кампањи, добра вест е што станавме членка на НАТО, со здружени капацитети да можеме да се справуваме со дезинформациит“, вели Пендаровски.

Според него, новата влада треба целосно да ја спроведе агендата за приближување кон членството во Европската унија во клучните области.

„Основниот предуслов за успех е да се соберат највештите личности, без оглед на нивната политичка или етничка припадност. Очекувам да видам луѓе со силни проевропски и демократски капацитети, со чисти антикорупциски записи“,  напиша Пендаровски.

За составот на владата на мандатарот Зоран Заев ќе се гласа во сабота во Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, а лидерот на СДСМ веќе го објави кадровскиот состав на својот иден министерски кабинет, во кој нема поголеми измени од претходната негава влада.

Владината коалиција што ја сочинуваат СДСМ и другите партии од коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, во Собранието има парламентарно мнозинство од 62 пратеника.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.