Пендаровски освои помалку гласови отколку во 2014-та

Поразот на претседателскиот кандидат на власта Стево Пендаровски е дотолку катастрофален што кандидатот поддржан од 31 партија, на изборите во 2014, кога СДСМ беше во опозиција, освоил повеќе гласови отколку денес, пренесува порталот Република.

За илустрација, во 2014 година, во првиот круг во трката за Вилата на Водно усчествуваа Ѓорге Иванов поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ, Илијаз Халими од ДПА, Зоран Поповски од Граѓанската опција за Македонија.

Пендаровски влезе во вториот круг со 326.164 гласови или 37,51%.

Од 97,54% прераборени податоци во првиот изборен круг Стево Пендаровски има освоено 316.692 гласови или 42.72% од гласовите или околу 9.377 гласови помалку.

Во 2014 година, право на глас имале 1.779.572 граѓани, а на овие избори 1.808.131 граѓанин.