Пендаровски патува во Њујорк на Генералното собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 76. сесија  на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. В четврток, 23 септември, шефот на државата ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на ОН, која се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – закрепнување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е Пендаровски да оствари средба со генералниот секретар на ОН,  Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

Пендаровски во Њујорк ќе учествува на Виртуелниот глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и закрепнување, како и на 20. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ на тема „Што значат мирот и стабилноста во 21. век?“.

Во рамки на активностите во Њујорк, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средби со извршната директорка на УНФПА, Наталиа Канем, како и со претставници на дијаспората, а ќе има  средби и со претставници на „Македонија2025“ и на Американско-еврејскиот комитет во Њујорк.

За време на посетата, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, која ќе се обрати на настанот на високо ниво посветен на одбележувањето 30 години од глобалната 16-дневна кампања против родовобазираното насилство. Таа ќе одржи предавање на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Колумбија“ и ќе го посети училиштето за деца со посебни потреби „Jesse J. Kaplan