Пендаровски побара Џамбаски да биде прогласен за „персона нон грата“

Претседателот на државата, Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно побара да му се забрани влез на европатеникот од Бугарија, Ангел Џамбаски. Сепак, тој не го именуваше, но рече дека станува збор за „европратеник од Бугарија“.

-Мој предлог до Владата кој го изнесов и на седницата е согласно одредбите на Законот за странци да му забранат влез во нашата држава на еден пратеник од Бугарија во Европскиот Парламент и на неколку други лица, државјани на Република Бугарија заради дејствијата кои порано ги преземале и сѐ уште ги преземаат против нашата држава. Законските услови за изрекување на таква мерка постоеле и порано и сѐ уште постојат. Тоа се трите, според законот ги цитирам, закана за јавниот поредок, закана за националната безбедност и закана за меѓународните односи на Република С Македонија, рече Пендаровски.

Појаснувајќи што ова значи, рече дека на лицата кои во тој момент се надвор од земјата да не им биде дозволен влез, а ако се веќе внатре да им биде откажан престојот и да прогласени за „персона нон грата“.   

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.