Пендаровски: Поделбите не смеат да продолжат

Кандидатот за претседател н владејачките СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, по обраќањето пред граѓаните на Берово во петокот продолжи со митинг и во Делчево.

Пендровски зборуваше за отворените проблеми кои со години постоеле со соседите, но за годин – две биле решени.

Во Европа велат ако не можеш да ги решиш проблемите со соседите, нема што да бараш во Брисел. Сите тие тешки прашања се решија за година две. За година време потпишавме договор со Бугарија, наместо многу поодамна. Дојде на ред уште потежок договор. Тоа што мислеа дека никој не може да го реши, Заев и Ципрас го решија. Наместо да се расправаат за историја, решија проблем стар со години. Исто така, видлива беше и тешката економската ситуација во државата, истакна Пендаровски.

Толку многу се поделивме во минатото што тоа не смее да продолжи. Пред вас почитувани граѓани е јасна дилема, дали ќе одиме напред или како што вели опозицијата ќе го поништи договорот со што автоматски се враќаме назад. Затоа мислам дека пред вас е јасна дилема, додал Пендаровски пред делчевци.