13.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Пендаровски: Потребни ми се луѓе како Малески кои не робуваат на шаблони (ВИДЕО)

Реакции и контраверзии предизвика изјавата на Денко Малески, надворешен советник на македонскиот претседател, Стево Пендаровски, за една бугарска телевизија, во која тој вели дека Гоце Делчев е Бугарин.

Претседателот, Стево Пендаровски, синоќа имаше интервју во емисијата 360 степени на Алсат ТВ, во која го кажа следново.

-Мислам дека оддамна би требало да биде минато времето кога советниците на премиери, претседатели или министри, би требало да викаат ДА шефе. Мене ми требаат соработници и советници кои ќе ми кажуваат и нешто поинакво од она што е стандардизирана политичка вистина или факт…

Во продолжение погледнете ја целосната изјава на претседателот Стево Пендаровски.