Пендаровски повторно покажа дека е вазал на Зоран Заев

Стево Пендаровски никако да излезе од сенката на криминалецот Зоран Заев, потпишувајќи го указот на законот за попис се стави во негова целосна заштита и повторно покажа дека е вазал на Заев, реагира ВМРО-ДПМНЕ на информацијата дека Пендароски го потпиша указот на законот за попис.

„Многу добро знае потрчкото на Зоран Заев, Стево Пендаровски дека овој закон за попис и оваа операција, е политичка операција, а не статистичка.Тој пред само еден месец бараше целосен консензус околу законот за попис и сега самиот тој се посипа со пепел.Знае Стево дека оваа криминална власт целосно ја игнорираше опозицијата при процесот на изготвување и носење на законот за попис“, се наведува во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека владата не прифати ниту еден амандман на опозиција.

„На брутален начин го злоупотреби европското знаменце, не сакаше да се воведат терминали за отисок на прст, а исто така знае Стево дека нема време да се спроведе овој попис“ се додава во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали Стево Пендаровски како претседател на Македонија му е грижа за здравјето на граѓаните?

„Во време на кризна состојба заради епидемијата со ковид-19, Стево потпиша указ на закон за попис. Па нели беше загрижен Стево пред само неколку недели за здравјето на граѓаните. Гледа ли Стево Пендаровски дека десетици држави во Европа ја откажаа ова статистичка операција. ВМРО-ДПМНЕ е за попис на населението и домаќинствата, но не ваква политичка операција која нема да ги даде реалните резултати од овој процес. Покрај Зоран Заев одговорност ќе понесе и Стево Пендаровски за пропаѓање на пописот“, се вели на крајот на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.