Претседателот на државата, Стево Пендаровски попладнево пристигна пред модуларната болница во Тетово каде вчера во ужасниот пожар животот го загубија 14 луѓе.
Во моментот кога избувнал пожарот во болницата имало 26 пациенти. 12 се извлечени и се лекуваат на тетовската болница. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи рече дека нивната здравствена состојба е стабилна.
Во изгорената болница увид сѐ уште вршат јавни обвинители од Тетово и од Скопје.