Пендаровски прво ќе ги потпише непотпишаните закони од Иванов

Стево Пендаровски на должноста претседател на Македонија ќе стапи на 12 мај, кога му истекува вториот мандат на актуелниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов. На вчера завршените претседателски избори кандидатот на владината коалиција Стево Пендаровски победи со освоени 51,66 отсто од излезените гласачи или 436.212 гласови. Неговата противкандидатка Гордана Сиљановска-Давкова освои 377.713 гласа или 44,73 отсто од излезените 844.365 гласачи.

Пендаровски најави дека прво што ќе направи откако ќе стапи на функција е дека ќе ги потпише указите на необјавените законски решенија кои беа повторно вратени во собраниска процедура од страна на актиелниот претседател Ѓорге Иванов и дека ќе посредува помеќу власта и опозицијата за да се изнајде побргу решение за статусот на СЈО.

„Законот за социјална заштита сѐ уште не е потпишан, а тоа е голема срамота. Покрај тоа ќе се обидам да стапам во контакт со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и да помогнам да се најде заеднички јазик за да се донесе законот за обвинителство и да се реши иднината на Специјалното јавно обвинителство“, изјави вчера Пендаровски додека славеше со неговите приврзаници пред седиштето на СДСМ.

Тој додаде дека тимот од неговиот кабинет веќе му е во глава, но и дека има некои имиња за кои размислува да ги ангажира како негови асистенти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.