Пендаровски: Референдумското прашање да гласи „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за  „Фокус“, дава предлог како да гласи референдумското прашање доколку се одржи референдумот што го најавува опозицијата по усвојувањето на „францускиот предлог“ што е истоветно како контровезното референсумско прашање за притапувањето во НАТО, кога Владаата на СДСМ по неуспешниот плебисцит сепак го промени уставнито име на земјата.

-Колку што разбирам, прашањето нема да биде за уставните промени, туку ќе биде за билатералниот договор со Бугарија и зошто тој влегува внатре. Ако некој не разбира дека овој билатерален договор, а и со Грција, се оската по која ние продолжуваме кон Европа, и сака тоа да го нема, почесно е референдумското прашање да гласи: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови?“. Без спомнување договори, точки… Опозицијата треба да излезе со чесна формулација и ако е такво прашањето, сите партии треба да излезат на референдум, а не да бојкотираат – вели Пендаровски.

Воедно, тој бара да се сменат и правилата со цел референдумот да се смета за успешен ако позитивно се изјасниле мнозинство од оние што излегле да гласаат, без разлика дали на гласање излегле над 50 тосто од гласачите.

– Јас сум во една таква ситуација да го симнеме прагот од 50 плус 1 од запишаните гласачи и да биде само од оние што сакаат да гласаат тој ден. Власта и опозицијата да го сменат Законот за референдум, да го исчистиме избирачкиот список според она што е нов попис и ви тврдам дека значаен дел ќе бидат „за“ ЕУ, исто како што тврдам дека мнозинството од реалниот електорат се изјасни позитивно на референдумот за Преспа – вели Пендаровски во интервјуто за „Фокус“.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.