Пендаровски се сретна со бугарскиот претседател Радев

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Софија оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, информираат од кабинетот на Пендаровски.

На средбата беше разговарано за можностите за натамошно унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји, како и за актуелните предизвици од енергетската криза со која се соочува Европа.

Претседателот Пендаровски и претседателот Радев се заложија за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

Двајцата претседатели разменија информации околу состојбата со енергетската криза и справувањето со неа. На средбата беа разменети мислења околу можностите за набавка на електрична енергија од Република Бугарија, со почитување на европската регулатива.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.