Пендаровски се сретна со претседателот на шведскиот парламент Норлен

Продолжува посетата на Шведска на претседателот Стево Пендаровски, кој денеска се сретна со претседателот на шведскиот парламент Андреас Норлен.

„Со претседателот на Парламентот на Кралството Шведска (Риксдаг), Андреас Норлен се согласивме дека новоформираната група за демократски развој меѓу двата парламенти ќе даде дополнителен импулс во билатералната соработка на Северна Македонија и Шведска. “, напиша Пендаровски на „Фејсбук“.