Пендаровски, Силјановска и Река официјално во претседателската трка

Останатите шестмина се далеку под потребниот законски минимум од 10 000 потписи од граѓаните.

48

Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река официјално ќе се тркаат за претседателската фотелја, потврдија од Државната изборна комисија.

Од вкупно девет претседателски кандидати, само овие тројца собрале доволно потписи од граганите. За Пендаровски се потпишале 31,729 , на Силјановска својот глас и го дале 15, 965 грагани, додека  Река  добил поддршка од  11, 128 лица. Останатите шестмина се далеку под потребниот законски минимум од 10 000.

Пендаровски и Силјановска имаат поддршка и од најмалку 30 пратеници. За разлика од нив Река, не се потпрел на пратеники гласови, туку само на граѓаните.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, соопшти и дека во тек е пријавувањето за гласање во странство. Одзивот е слаб. До сега до ДИК стигнале само 960 пријави.

Од ДИК соопштија и дека на граѓаните им останува уште три дена да проверат дали ги има во избирачкиот список. Според последните информации, до сега 50 000 лица  направиле проверка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.