Претседателот Стево Пендаровски денеска на својот фејсбук-профил упати честитка до новоизбраниот американски претседател Џо Бајден. Според претседателот, САД е нашиот стратешки партнер кој секогаш ја поддржува демократијата во земјава.
-Честитки до новиот американски претседател Joe Biden. САД се наш стратешки партнер кои секогаш ја поддржувале демократијата во земјава и нашите евро-атлантски интеграции, напиша претседателот Пендаровски.