Пендаровски: Советот за безбедност не прогласи ни кризна ни вонредна состојба

Советот за безбедност, кој се состана по барање на претседателот Стево Пендаровски, не донесе одлука за прогласување ни кризна состојба на целата територија на земјата. ни вонредна. Можно е Владата, без да прогласи вонредна состојба да го ограничи движењето на граѓаните, рече претседателот Пендаровски оценувајќи ги како прилично широки досегашните мерки.

-Засега добро се справуваме со епидемијата, нема потреба да избрзуваме со кризна состојба на цела територија и затворање на сите гранични премини, рече претседателот.

Тој истакна дека треба да им се даде посебно признание на граѓаните на Центар Жупа и Дебар, нагласи и дека е подготвена целосна мобилизација на здравствениот систем.

Претседателот апелираше до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и да не патуваат непотребно и исто така тој упати апел до оние државјани на Република Македонија кои работат во странство да без поголема потреба да не се враќаат во својата земја.

Советот за безбедност ќе ја следи состојбата и ќе се состанува по потреба, нагласи Пендаровски.