Пендаровски во официјална посета на Албанија

Станува збор за прва официјална посета на претседателот Пендаровски на Албанија.

Пендаровски во Тирана ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната Федерација за мир.

Предвидено е претседателот Пендаровски да се сретне со албанскиот претседател Илир Мета и со премиерот Еди Рама, како и со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи.